Граѓаните на Швајцарија на референдум ќе одлучат дали сакаат да го задржат плаќањето во готово, откако беше утврдено дека се собрани доволно потписи за организирање јавно изјаснување.
Готовината полека излегува од употреба во многу економии, бидејќи електронските плаќања стануваат стандард за трансакции во дигитализираните општества, што ѝ го олеснува на државата да ги следи постапките на своите граѓани, според Free Switzerland Movement (FBS).
Здружението сака да се додаде одредба во швајцарскиот закон за валути, со кој се регулира како централната банка и владата управуваат со понудата на пари, дека секогаш мора да има „доволна количина“ банкноти или монети во оптек.
FBS соопштија дека собрале повеќе од 111.000 потписи од граѓани кои го поддржуваат референдумот за ова прашање, 11.000 повеќе од пропишаниот минимум од 100.000.
Што значи исфрлањето на парите во кеш?
Според швајцарскиот систем на директна демократија, доколку добие поддршка од гласачите, предлогот ќе стане закон, иако владата и парламентот мора да одлучат за неговото спроведување.
„Јасно е дека… исфрлањето на готовината не само што покренува прашања за транспарентност, едноставност или безбедност… туку носи и голем ризик од тоталитарен надзор“, рече претседателот на FSB Рихард Колер на веб-страницата на групата.
Според него, Швајцарија треба да ја преземе главната улога во одбраната на готовината во Европа, бидејќи инсистирањето на такви гаранции во ЕУ би вклучило „речиси невозможен“ процес за добивање дозволи од сите 27 земји-членки.
Трендот на безготовински плаќања силно се забрза за време на пандемијата со COVID-19, но тој е присутен од 2017 година, кога истражувањето на агенцијата Ипсос покажа дека на повеќе од една третина од Европејците и Американците не би им недостигал кешот, а дека 20 отсто од нив не го користете воопшто, според Reuters.