Дали Јанчев е новиот миленик на странците и наследник на Мицковски

Од добро упатени извори внатре во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ добивме шокантна информација. Веќе наголемо се зборува дека Јанчев, попознат како газда на Кожувчанка е можниот наследник на Мицковски. Се шушка, ама се погласно дека оние фактори што го поставија без регуларен конгрес на фотеља Мицковски, сега му соопштиле дека ако не ја почитува однапред договорената агенда, ќе дојде до преврат и ќе се инсталира токму Јанчев.
Шпекулациите се засилија во многу после 2 август и Мечкин Камен. Упатените знаат дека после тоа се одржа коктел од затворен тип во хотелот Монтана, под покровителство на Иванов. На тој коктел беа присутни Јанчев, Николоски и Мисајловски, тројцата потпретседатели на Мицкоски и Јанушев Генерален серетар на Мицковски. Освен по некој дипломат на коктелот имаше десетина оперативци на Дип Стејт. Исто така беше присутен и „булдожерот“ што го испратија да го убедува Иванов да се предомисли околу двојазичноста и промената на името.
Она што ги вжешти телефоните беше токму тоа што се случи потоа. Имено голема делегација од американската амбасада замина со Јанчев за Кавадарци. Подоцна за ова беше лиферувано и соопштение. Но, дотогаш веста се беше раширила со брзина на светлост низ комитетите на ВМРО. Што бараат америте кај Јанчев? Што договараат? Беа првите прашања кои се раширија низ десеткуваното и обезглавено членство. Некои коментираа и овој ли е со агенда?..
Како и да е, она што е најкредибилно, а се потпира на сублимација на сознанија од повеќе извори во партијата е следново. Мицковски беше поставен со агенда да помине двојазичноста и промената на името и тоа му е укажано на Заев. Затоа овој ја тера агендата со леснотија и неверојатна брзина. Заев е исто така со агенда и ја тера. А Мицковски е со задача да го умртви и раскара членството и да чека да му дојде редот за фотељата. Истовремено е бабарога и алтернатива на Заев. Ако овој не слуша да влета и да ја заврши агендата без поговор… Сепак ѓавол ни копа ни ора. Па така, членството е вознемирено и на праг на сеопшт бунт. Тоа му создава голема главоболка на Мицковски кој не знае како да ги менаџира процесите. Според негови изјави и самиот се плашел дека може да се случи влез на разгневените во седиштето на партијата. Што и не е далеку од вистината посебно сега околу вриежот со референдумот за промена на името на Македонија за кој тој ни за жива глава не се произнесува. Вчера си купи време до 10 септември да продолжи да преговара со неговите ментори за пакет. Угоре високо, удоле длабоко. Од една страна газдата, од друга страна членството.
Токму затоа си даде Мицковски уште месец дена. Месец дена кои ќе бидат пресудни за неговата политичка кариера и можност за „упад“ од Јанчев. Се разбира ако се договорат пакетите и функциите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.