Дали јајцата треба да се чуваат во фрижидер и уште 10 други познати митови и вистини за храната

1. Јајцата не мора да се чуваат во фрижидер
Ова, всушност зависи од стандардите за производство во државата каде се наоѓате. На пример, во САД, пред да стигнат во маркет, јајцата претходно се мијат и чистат, со цел да се отстранат бактерии како салмонела, кои лесно може да се пренесат со само допирање на јајцето. Но, во тој процес се измива и површинскиот слој на лушпата, па таа станува потенка. Затоа, во САД е препорачливо да се чуваат јајцата во фрижидер, што не е случај во Европа, каде што тие се пакуваат директно откако се собрани од живинарската фарма, но затоа кокошките носилки се вакцинираат и примаат антибиотици, за заштита од преносливи зарази.
2. Пред да ја ставите во фрижидер, храната треба да биде изладена на собна температура
Во ова има вистина, но не е поради самата храна, туку поради тоа што сè што е топло складирано во фрижидер всушност ја зголемува температурата во него. Исто така треба да внимавате храната да не остане предолго надвор, за да не се развијат бактерии во неа.
3. Алкохолот се чува во шкаф, на темно
Ова тврдење исто така варира во зависност од концентрацијата на алкохол во пијалакот. На пример, еднаш отвореното вино лесно може да оксидира ако не се чува во фрижидер, што не е случај со жестоките пијалаци со голема концентрација алкохол и шеќер, кои служат како конзерванс.
4. Овошјата се убави и затоа треба да ги чуваме во чинија на масата
Освен ако сте љубител на ферментирано овошје, воопшто не постои друга разумна причина сливите, кајсиите, праските и црешите да ги чувате изложени на собна температура.


5. Јатките не бараат посебен начин на складирање
Оревите, лешниците, кикириките и сите други јатки, кога се чуваат подолго време на собна температура, ослободуваат масла и го менуваат вкусот. Затоа, ако планирате да ги искористите во следната година, чувајте ги во фрижидер, додека пак во замрзнувач може да останат и до две години.
Јајца во фрижидер и уште 10 други познати митови и вистини за храната
6. Маслата може да се чуваат на полица
Во зависност од што е изработено маслото, може да се чува без проблем на работната површина или пак во кујнски елемент на суво и темно. Сончогледовото и маслиновото масло трпат и повисока температура, па може да ги купувате во поголеми количини и да не обрнувате особено внимание како ги чувате, но доколку користите сусамово, масло од семка од тиква, од орев или некое друго слично, чувајте ги или во шпајз или уште подобро, во фрижидер.
7. Брашното од цели зрна може да се чува заедно со пченичното
Брашната од цели житни зрна се поподложни на расипување, но и на пајачиња и мушички, што не е случај со обичното бело брашно. Но, доколку е во нивна близина, лесно може да се расипе или да биде контаминирано. Препорачливо е да се чуваат овие брашна во фрижидер, но пред да ги користите, извадете ја потребната количина и чувајте ја околу половина час на собна температура.
8. Путерот може да се чува надвор од фрижидер
Ова е точно само за солениот путер, но и него не можете долго да го чувате надвор. Во него има помалку вода, а повеќе масти, но и сол и пастеризирано млеко, што го прави релативно траен производ. Но, несолениот путер задолжително треба да се чува во фрижидер, а пред користење, ако треба да биде омекнат, се зема само потребната количина и се остава кратко на собна температура.
9. Безбедно е да чувате леб во фрижидер
Безбедно е, да, но не е практично. Кога го чувате обичниот леб во фрижидер тој побргу се суши. Тоа не се случува ако го смрзнувате. Пред да смрзнете леб, исечете го на парчиња, за полесно да можете да одмрзнувате количина по потреба. Исто така, доколку е наведено на самиот производ дека треба да се чува во фрижидер, тогаш следете ги упатствата.

ч
10. Компирот може да се чува во фрижидер
Се сеќавате на вкусот на компир кој смрзнал? Поблаг е отколку што треба и лесно потемнува при готвење. Токму тоа и ќе се случи ако свежите, штотуку купени компири ги чувате во фрижидер. Скробот се разложува до шеќер, а за да го избегнете ова, чувајте ги на темно место во хартиена кеса или картонска кутија, за да избегнете дополнителна влага што се создава во пластичните кеси.
11. Кафето останува посвежо во фрижидер
Ако сакате да бидете сигурни дека секогаш имате свежо кафе дома, купувајте помали количини од специјализирани пржилници за кафе и чувајте го во сад на темно и суво место. Кафето има способност да ја апсорбира влагата и вкусовите од средината во која се наоѓа, па доколку го чувате во фрижидер можеби ќе му го продолжите рокот на траење, но ризикувате да добиете вкус на некоја друга храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.