среда, 18 ноември 2026
Најново

Дали ќе му го одземе мандатот на Груевски Собранието ќе расправа утре

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одлуката дали  ќе му го одземе мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, кој е осуден со затворска казна во траење од две години Собранието на Р. Македонија ќе ја донесе во вторник. За одземање на мандатот ќе расправа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница закажана за утре во 12 часот. Единствена точка на дневниот ред е Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр.59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години.
Членовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во петокот се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на поранешниот претседател на партијата.

 

Поврзани вести