Здравствените власти и надлежните тела работат на план за враќање на децата во градинките, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што рече министерот, враќањето на дечињата во занималните ќе биде предизвик за надлежните бидејќи станува збор за категории меѓу коишто е мошне деликатно одржувањето на меѓусебното растојание.