Дами, конечно е разбиен еден од најголемите митови за контрацептивните пилули!

Многу девојки одлучуваат да ги заобиколат контрацептивните пилули поради стравот од добивање на вишок килограми, но време е да престанете да верувате во овој мит.
Сигурно досега сте чуле многу жени, но и гинеколози кои тврдат дека контрацептивните пилули можат да предизвикаат дебелеење поради хормоните.
Сепак, најновото истражување тврди дека ова верување е потполно неосновано и дека не постои никаков доказ дека ваквиот вид на контрацепција предизвикува дебелеење.


Објаснувањето е следно – жените во репродуктивното доба се склони кон варијации во тежината и тоа нема никаква врска со пилулите, па затоа не постои причина за да се откажете од нив.
Во истражувањето, сите жени “накачиле” одреден број на килограми – и оние кои пиеле хормонски пилули и оние кои не пиеле. Сепак, што е со повеќето жени кои тврдат дека се здебелиле веднаш откако започнале да користат ваков вид на контрацепција?
“Кога ќе започнете да пиете пилули, големите дози на естроген доведуваат до задржување на течности во организмот, што доведува до чувство на надуеност”, објаснуваат експертите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.