Данијела Димитровска се омажи! Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ кажа „да“ во црква, ова е нејзиниот сопруг (фото)

Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ, водителката Данијела Димитровска му го кажа судбоносното ДА на нејзиниот емотивен партнер Јеврем Косниќ.

Венчавката се одржа во црква надвор од Белград, во кругот на семејството, а водителката ја објави среќната вест на својот Инстаграм профил.

Двојката ќе има голема свадба на која ќе присуствуваат голем број нивни пријатели, соработници и членови на поширокото семејство, според српски „Блиц“.

Што прави нејзиниот иден сопруг

Момчето на Данијела Димитровска со години професионално се занимава со спорт. Јеврем Косниќ е роден во Швајцарија, Сент Гален и е поранешен српски фудбалер.

На почетокот на кариерата играл за Црвена Звезда, а како сениор играл прво во ФК Рад, а потоа во ФК Бежанија.

Потоа играше за италијанскиот клуб Реѓина, а потоа се врати и играше за Војводина. Таму остана само една сезона.

Подоцна, тој играше и за романскиот клуб Клуж, а кариерата ја заврши во Италија во Таранто во 2020 година.

Инаку, Косниќ е пет години помлад од водителката, но таа разлика воопшто не ги загрижува.

– Ова е личноста поради која сум во Црна Гора последната година, интензивно. Моето момче не е Црногорец, но немаше да имам никаков проблем да беше. Тој гради зграда тука и морам да го пофалам моето момче бидејќи не зборувам често за него, особено не вака јавно, но сега тој го заслужува тоа. Тој ги изгради сите овие станови како да ќе живее во нив. Тој работи и создава тука, а ние сме му морална поддршка – рече неодамна Даниела.
The post Данијела Димитровска се омажи! Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ кажа „да“ во црква, ова е нејзиниот сопруг (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: