Данијела Мартиновиќ цвета, први фотографии од пејачката и новиот партнер

Данијела Мартиновиќ никогаш не сакала да зборува за животот со Петар Грашо, а притоа секогаш е таинствена кога станува збор за нејзиниот љубовен живот.

Новото момче на Данијела е полицискиот инспектор Јосип Плавиќ. Хрватските медиуми пишуваат дека тој зад себе има брак во кој добил ќерка. Покрај тоа што е инспектор, во забавните кругови е познат и како рок пејач и гитарист. Според информациите, тој е член на бендот „Изван Закон“, основан во 1991 година.
Плавиќ и Мартиновиќ заедно позираа пред објективот на хрватска Глорија, а судејќи по коментарите под фотографиите, овој маж многу повеќе и стои на Данијела од пејачот кој и го скрши срцето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.