Данска ја збриша Унгарија и обезбеди полуфинале на СП

Актуелниот светски првак Данска ја збриша Унгарија за да обезбеди полуфинале на Мундијалот во Шведска и Полска, победувајќи денеска со 17 голови разлика во четвртфиналниот меч (40-23).

Од почеток до крај, Данците водеа и само постепено ја градеа предноста, па Унгарија само во воведните десет минути можеше да се понадева дека може да ѝ се спротивстави на моќната Данска, сѐ до 6-4, а потоа скандинавците само ја зголемуваа разликата прво до четири предност до 20-та минута, а потоа и до најголеми дотогаш плус девет на полувреме (21-12) со серијата 7-2.

Пронајдете не на следниве мрежи: