Данска ја распореди својата војска во Гренланд за првпат во својата историја

За првпат во својата модерна историја, Данска распореди регрути во Гренланд, што е нејзина автономна прекуокеанска територија, објави данското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека првиот дел од регрутите од пешадискиот полк Шлезвиг пристигнале во главниот град на Гренланд, Нуук, на почетокот на август, од каде што биле распоредени на неколку локации во Кангерлусуак, на југозападот од земјата, каде што извршуваат оперативни должности во рамките на вежбата „Арктичка издржливост“, објавува списанието „Арктик тудеј“.

Како што е објавено, данските регрути испратени во Гренланд се меѓу првите што отслужуваат продолжен воен рок од 11 месеци и за прв пат им се доделени оперативни задачи за време на вежбата.

Данското Министерство за одбрана, исто така, наведува дека Копенхаген ќе продолжи и ќе го прошири своето воено присуство и активности на Арктикот и Северниот Атлантик до крајот на годината, заедно со неколку сојузници на НАТО, како и дека авиони, бродови и војници ќе бидат присутни во и околу Гренланд во зголемен број во наредниот период.
The post Данска ја распореди својата војска во Гренланд за првпат во својата историја appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: