Дара Бубамара објави стори од автомобилот каде на совозачкото место ја придружуваше Тони, младиот бизнисмен, кој пејачката го сподели па го „тагна“ во видеото.
Имено, Дара ги изненади своите Инстаграм следбеници откако го овековечи моментот кога таа и нејзиното 21-на година помладо момче се возеа во скапиот автомобил.
Таа го означи како извесен Тони, а додека се возеа Дара испраќаше бакнежи, па покажа колку е среќна и задоволна.
Да потсетиме, Дара и Тони, наводно, летото го поминале заедно на Малдивите, а потоа започнаа да кружат гласини дека раскинале.
Тони инаку е и поранешно момче на водителката Душица Јаковљевиќ. Двајцата се забавуваа на почетокот на оваа година, а сега тој наводно е со Дара-Бубамара.
Ако се работи за истита личност, а судејќи по многу нешта – тоа е истото момче, очигледно Тони е љубител на силкони, скапи автомобили и „милфици“… Пардон, повозрасни жени!