Дарко Лазиќ денеска е опериран и успешно закрепнува по хируршката интервенција.
Имено, пејачот направи операција за затегнување на кожата, а неговата сакана Катарина Лазиќ тврди дека се чувствува добро и дека сега одмара.
-Дарко е опериран, интервенцијата помина добро. Дарко се чувствува добро. Сега ќе има одмор и опоравување три недели, колку што трае паузата со настапите. По паузата продолжува со настапи и снимање песни и спотови за новиот албум кој ќе излезе наскоро, а сигурна сум дека неговите напори ќе се исплатат и дека луѓето кои сакаат да го слушаат ќе бидат воодушевени од новиот албум и секоја песна што ќе биде на него, рече таа.
Да потсетиме, Дарко Лазиќ еднаш имаше операција за намалување на желудникот, по што драстично ослабе.
Ослабе повеќе од 109 килограми, а сега реши да го затегне вишокот кожа што постоеше на неговото тело.
-Изгубив многу килограми и затоа кожата навистина ми виси. Морам што поскоро да направам операција на затегнување, сето тоа наскоро ќе го решам, изјави неодамна Лазиќ.