Пејачот Дарко Лазиќ за неколку денови треба да биде префрлен од интензивна нега во посебен апартман во болницата во Земун.
Како што пишуваат српските медиуми доколку се ќе биде добро и неговата здравствена состојба се подобрува Лазиќ ќе продолжи со лекување во истата болница но повеќе нема да биде во шок собата.
-Дарко е подобро, но и понатаму е во криза поради дрогата која не ја конзумира, лекарите се надеваат дека тој наскоро ќе се стабилизира и дека ќе може да стане на здрава нога и дека ќе може да оди со помош на патерици. Наскоро треба да биде пренесен во посебен апартман, а потоа и на бања каде ќе се опоравува, вели извор за српските медиуми.