-Немаше никаков законски проблем за тој да влезе или да ја напушти земјата. Министерстовото во тој дел нема никаква улога или надлежност. Во време кога Груевски одлучил да побарал азил, тој се уште не бил на потерница ниту, пак, Македонија укажала дека го има прекршено законот. Црногорските надлежни државни органи постапиле како и со сите други граѓани, тој бил во друштво со дипломати и немало никаква законска пречка да влезе или да ја напушти нашата држава – изјави шефот на црногорската дипломатија.
Ова е изјавата која денес во Подгорица ја даде министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ. Тој тврди дека неговата земја не ги повредиле дипломатските протокли во случајот со бегството на екс премиерот, Никола Груевски. Тој тврди дека Црна Гора во случајот постапила како и со сите други граѓани. Во моментот кога Груевски влегол во земјата, против него се уште не била распишана потерница. Властите во Македонија потерницата ја распишале после тоа.