Дарувај срцевина, дарувај живот – првите донори во дарителскиот регистар за коскена срцевина на Научната фондација „Спироски“

Научната фондација „Спироски“ во 2021 година започна да гради дарителски регистар за срцевина во склоп на нивната фондација, со цел Р.С. Македонија да се здобие со напреден, функционален регистар кој ќе помага да спасува животи кај луѓето со малигни заболувања.

„Идејата зад овој регистар е преку најсовремени технологии да пружиме помош на луѓето со малигни заболувања. По примерот на Ентони Нолан во Велика Британија, добивме идеја како фондација дека граѓанскиот сектор заедно со приватниот сектор, институциите, и граѓаните е способен да придонесува многу повеќе особено во доменот на здравство. Нашиот план е да ги охабриме луѓето во нашата држава да се регистрираат како потенцијални донори, имено доколку не можат да бидат донори, финансиски да ја поддржат оваа иницијатива која на заболените ќе им пружи најсовремена, квалитетна нега и лекување кои ќе го спасат нивниот живот. Денес ги добивме првите потенцијални донори во нашиот регистар, кои во иднина ќе можат да спасат нечиј живот.“ – изјавуваат од Фондација „Спироски“.

Дарителскиот регистар ќе биде управуван од Фондацијата, а секој граѓанин може да стане потенцијален дарител на коскена срцевина, но и финансиски да придонесе за одржувањето на регистарот. Како граѓанска иницијатива овој регистар ќе им даде повеќе можности за лекување на граѓаните со малигни заболувања, и заедно со приватниот и јавниот сектор, а и со граѓаните ќе придонесе квалитетна дијагностика, лекување и нега на пациентите.

Овој регистар е исто така поддржан од „Цивика Мобилитас“ а од денес станува активен за пријавување како донори.

„Ние напорно работиме на остварување на регистар од ваков калибер и среќни сме што денес нашиот регистар се здоби со првите потенцијални дарители. Граѓаните кои не можат да бидат дарители, но сакаат да придонесат за лекување на лицата со малигни заболувања може да ни се вклучат преку донирање на средства за да може овој регисар да се развива и да помага на граѓаните во иднина“ додаваат од Фондација „Спироски“.

Граѓаните може да донираат по 100 денари преку броевите на Телеком 143-404, и А1 143-550.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.