Српскиот премиер Ивица Дачиќ оцени во четвртокот дека цела деценија наназад во Србија се раскажувале сказни за Косово, а официјално никој не ја зборувал вистината, но сега е време да се кажат фактите.
Српскиот премиер и воедно министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, во својот авторски текст за неделникот НИН, по повод годишнината од убиството на Зоран Ѓинѓиќ, првиот српски премиер по ерата на Слободен Милошевиќ, истакнува дека Косово со години е табу тема во српската јавност.
„Речиси десет години Косово е табу тема и за него, официјално, никој не смееше да ја каже вистината. Кажувани се бајки”, напиша Дачиќ во текстот под наслов „Ѓинѓиќ е приказната за Србија”, кој во четврток го објавува неделникот НИН.
„Се лажеше дека Косово е наше, па тоа е дури потврдено и со Уставот. Денеска, тој ист Устав ни најмалку не помага. Претседателот на Србија не може на Косово. Ниту претседателот на владата. Ниту министрите. Ниту полицијата. Ниту војската”, нагласува српскиот премиер во авторскиот текст, истакнувајќи дека со косовските Срби денес им се скратени многу права.
„На Србите единствено дозволено, во секој момент, да го напуштат Косово. Толку е тоа наше и толку, на него, важат нашиот Устав и нашите закони”, забележува Дачиќ натаму во текстот.
Истовремено, српскиот премиер оценува дека „многу е важно што, како Ѓинѓиќ некогаш, сфативме дека ова, овие факти за Косово, едноставно мораме да ги кажеме”.
„Токму затоа што и нас, како и него (Зоран Ѓинѓиќ -з.р) некогаш, чека уште недовршена работа на дефинирањето на нашиот сопствен простор, воспоставување на стварните граници на Србија, како и обидите од Косово, во прв ред за Србите коишто живеат таму, да спасиме што можеме да спасиме, и да им обезбедиме нормален, безбеден живот и јасна иднина”, истакнува српскиот премиер.
Оценувајќи дека е „иронија што требаше да изминат десет години во Србија тоа некој да го повтори”, Дачиќ потсетува дека бил учесник во власта којашто проблемите на Косово се обидуваше да ги реши со војна.
„Бев дел од власта која и со војна се обидуваше да го реши прашањето на Косово. Можеби, навистина, има некоја правда во тоа денес да бидам најодговорен за мирно решение, решение низ преговори и решение коишто подразбира дека секој нешто требаа да загуби. И тоа отворено да го каже”, истакнува Дачиќ во авторскиот текст за НИН по повод годишнината од атентатот врз поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.
Сегашниот српски премиер Ивица Дачиќ во Брисел под покровителство на Европската унија, преговара со косовскиот премиер Хашим Тачи за решавање на проблемите на српската заедница на Косово и низа технички, економски и политички прашања кои ги оптоваруваат односите меѓу Белград и Приштина. Следниот круг од преговорите е закажан за 20-ти март.
Видлив напредок во нормализацијата на односите е услов за натамошен напредок во европските интеграцијата и за Србија и за Косово. Србија очекува позитивен извештај на Европската комисија во април, по кој, како што се надева, во јуни може да добие датум за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија.
Makфакс
Српскиот премиер Ивица Дачиќ оцени во четвртокот дека цела деценија наназад во Србија се раска