Дачиќ добил куп писма со најморничави закани

Во анонимните писма на министерот му порачуваат дека ќе го “стават во багажник“, дека ќе му го “отрујат семејството“, како и да “запамти кога последен пат ги видел синот и ќерката“.
Министерот за надворешни работи на Србија и лидер на СПС, Ивица Дачиќ секојдневно добива анонимни писма со најстрашни закани, дознава српски “Курир“. Му се закануваат со смрт, труење и ставање во багажник, а на удар се дури и неговите деца Лука и Андреа.
Некои од пораките се толку морбидни што неговите соработници избегнуваат и да му ги покажат. Досега добил толку многу пораки, што од нив е направен поголем куп. Тоа се случува повеќе пати месечно, а заканите се проследени со најголеми вулгарности и пцости, какви што само болем ум може да ги смисли и да се осмели некому да ги упати- вели упатен извор за “Курир“.
Симптоматично е што повеќето пораки се пишувани на рака, а една иста личност ги праќа неколку пати. Најчесто добивани закани се од Хрватска, Албанија и Косово. Луѓето задолжени за безбедноста на Дачиќ забележале дека се повторуваат писма на кои некој се потпишува како Анте.
Зоран Драгишиќ, професор на Факултетот за безбедност за “Курир“ вели дека ниту една закана не смее да се игнорира и мора да се пријави на службите. Животот на високите функционери е во опасност не само во Србија туку ширум светот. Заради тоа секоја закана мора да се сфати најсериозно се додека не не докаже дека не е сериозна. Службите треба да ги третираат заканите така како зад нив да стои силна терористичка организација, иако во 99 насто од случаите се работи за лица кои не се способни да ги извршат заканите, додава Драгишиќ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.