Дачиќ и Тачи ги продолжуваат во среда

Српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во вторникот дона навечер ги прекинаа преговорите коишто ги водат во Брисел под покровителство на Високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон и треба да ги продолжат во среда.Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи откако претходно имаа одвоени средби со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, во вторникот попладне ги започнаа петтиот круг од преговорите, а главната тема на разговорите беше прашањето на паралелните институции во северниот дел, претежно населен со српско население, од поранешната српска покраина Косово и Метохија, којашто во 2008 година еднострано прогласи независност и прогласи Република Косово.Како што е најавено, почетокот на продолжувањето на петтата рунда е закажано за во среда наутро во 8,30 часот, а по состанокот од вторникот не беа предвидени никакви изјави за медиумите.Покрај со Ештон, српскиот премиер Дачиќ во вторникот имал средба и со американскиот дипломатски претставник за Балканот, поранешниот амбасадор на САД во Македонија Филип Рикер, при што тој позитивно ги оценил настојувањата на српската влада преку преговори да се дојде до прифатливи решенија коишто ќе обезбедат стабилност. Рикер повторил дека Вашингтон дава целосна поддршка за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и нагласил дека САД ја поддржуваат европската перспектива на Србија.Рикер, според приштинските медиуми имал во вторникот средба и со косовскиот премиер Хашим Тачи.Трилатералните состаноци се одржуваат зад затворени врати и дури ниту на членовите на делегациите не им е дозволен пристап, па не се познати никакви детали од вчерашните разговори.Ваквите мерки за предострожност се воведени поради стравувањето дека истекувањето ан информациите би можело да го поремети текот на дијалогот. „Должни сме како домаќини да обезбедиме оптимална атмосфера“, изјавил за српската новинска агенција Танјуг неименуван функционер.Причината за тоа што дијалогот ќе биде продолжен и во среда се важните теми, но и намерата напредокот во дијалогот да се појави во априлскиот извештај на европската комисија за двете земји.Следниот чекор за Србија, којашто од март 2012 година има кандидатски статус, е одредување на датум за отпочнување на преговорите, а за Косово е почетокот за Договор за стабилизација и придружување.Европската комисија на 16-ти април ќе го објави извештајот за напредокот на дијалогот, оттаму се очекува дека договорот на двете страни би требало да биде постигнат пред објавувањето на извештајот. Се очекува дека самиот договор нема да биде доволен за зелено светло за двете страни, откако се очекуваат и докази дека договорот се спроведува.Портпаролката на Ештон, Маја Коцијанчич потврди за медиумите дека по одвоените средни во вторникот меѓу шефицата на европската дипломатија со Дачиќ и Тачи, како и со другите високи функционери на ЕУ решено е овојпат да биде одделено повеќе време за, бидејќи европската комисија очекува натамошен напредок во дијалогот и повторила дека северот на Косово е меѓу клучните теми на разговорите.Прашањето на паралелните структури на северот од Косово каде што доминантно е српското население – судовите, даночната управа, полицијата, разузнавачки служби итн, е најтешкото прашање која се разгледува во досегашниот тек од преговорите меѓу Белград и Приштина.Српскиот премиер пред почетокот на преговорите порача дека предлог на Србија е основање заедница н српските општини која треба да има јасни надлежности во образованието и правосудството, и Србите сами да ја избираат власта. Дачиќ повторил дека нема да има повлекување на српските институции од Косово сѐ додека не биде постигнат конечен договор, дека ќе бара цврсти гаранции за секој договори вети дека српскиот народ на Косово „нема да биде оставен на цедило“.Косовскиот премиер Хашим Тачи претпладнето се сретна во Брисел и со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј. Баросо по средбата со Тачи изјави дека оваа седмица е пресудна за напредокот на Косово и Србија на европскиот пат и ги изрази очекување дека преговорите ќе минат во истата конструктивна атмосфера и дека ќе доведат до напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина /Меѓутоа, Баросо од Тачи побарал да се интензивира ангажманот во спроведувањето на реформите и борбата против организираниот криминал како и да ги примени препораките на ЕК во врска со визната либерализација.Во соопштението за јавноста ван Ромпуј по средбата со Тачи изјави дека конкретните резултатите во преговорите се од суштинско значење, нагласи дека Косово има европска перспектива, но и тој порача дека е неопходен поголем напредок на полето на почитувањето на правата на малцинствата и во борбата против корупцијата и организираниот криминал. И тој го повика косовскиот премиер на целосна соработка со мисијата Еулеск.Тачи пред средбата во вторникот со Дачиќ, изјави дека е свесен дека нормализацијата на односите со Србија „е нешто што им го должи на идните генерации“ и истакна дека Косово со сите „други соседи“ има добри односи.Запрашан до каде е подготвен да оди во врска со статусот на северно Косово, Тачи изјави дека ситуацијата на северот „не е како во другите делови од Косово“, како и дека тоа прашање не може да се реши без „нормализација на односите со Србија“.
МакфаксСрпскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во вторникот дона навечер ги прекинаа преговорите коишто

Пронајдете не на следниве мрежи: