Потпретседателот на Владата и Министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави вечерва дека десетина луѓе се повредени, од кои две жени се потешко, пред местото каде требаше да се оддржи трибина на СНС во Ниш.
”Ова се повреди кои очигледно не се нанесени од јајца, туку од камења. Исто така видовте дека беше нападнат градоначалникот, дека е малтретирана и министерката Жариќ. Така да бевме соочени со насилство, а полицијата ги превзема сите мерки за да бидат приведени сите оние кои го прекршија законот. Без оглед, секој кој ќе направи кривично дело или прекршок ќе одговара”, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.
Дачиќ истакна дека никој нема право да пречи на собири, посебно нее на оние кои се предходно најавени. Тој наведе дека насилството кое се случи вечерва е неприфатливо и додаде дека во Србиај за првпат се случи состојба во која некој им забранува на другите да организираат политички митинг.
Извор:Танјуг.рс