Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека е апсолутно подготвен за продолжување на дијалогот со Приштина чија тема би бил „паралелизмот на институциите“.
„Само преговори и договори можат да ги спуштат тензиите. Темата на новиот дијалог ќе биде „паралелизмот на институциите“. Целта е да најдеме начин како да се одблокираат и да станат прифатливи за Приштина и за Србите кои живеат на цело Косово“, вели Дачиќ за „Новости“.Според него, прашањето за институциите на северот на Косово е суштинско и српската политика е заснована на платформата и резолуцијата на парламентот на Србија.„Ние тие документи не ги направивме за да го закочиме дијалогот, туку да дадеме одговор на прашањата кои се поставуваат“, додава Дачиќ.
МакфаксПремиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека е апсолутно