среда, 25 ноември 2026
Најново

Дајте му на Заев двајца пратеници за да не го уценува БЕСА, советува Љубчо Георгиевски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во телевизиско интервју на ТВ „24“ јавно упати совет до неговата поранешна партија како да го одбрани македонскиот идентитет.
– ВМРО-ДПМНЕ мора да стане државотворна партија во овој момент. Еве, јавно ќе дадам еден совет, кој не сум го пратил тајно на никого во ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме уцена од оние двајца пратеници на Беса, за да се избрише придавката „македонско“ (кај државјанството – н.з.). Замислете Заев да е во таква ситуација, да треба да попушти и таа да се избрише, само за да помине Договорот со Грција? И што сега? ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски партии ќе бидат среќни со тоа? Јас не би бил среќен. Во овој момент таа ситуација би била еден добар мост за да се каже: Еве, вие покажавте дека сте неспособни да организирате 80 пратеници, ние свесно ви даваме двајца, само Македонија да не прави нови отстапки во Договорот со Грција – советува Љубчо Георгиевски во интервју на ТВ „24“.

Поврзани вести