„Да бевме денес кандидати, ќе ги имавме штиклирано сите полиња?“



Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, кој го склучи претходната Влада. Но, го почитував. Се обидовме да соработуваме со Северна Македонија за да ѝ помогнеме во нејзиното европско патување. Но, за некој да се приближи до Европа ќе треба да го почитува европското законодавство и да постигне напредок во прашањата што се однесуваат на владеењето на правото, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во британскиот поткаст „The Rest is Politics“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис говореше и за европската перспектива на Западен Балкан, откри дека една од работите што ќе ги направат во текот на следниот европски циклус е одново да го разгледаат процесот на проширување.

– Што значи во пракса да се стане член? Кои се можеби меѓу-фазите што можеме да ги поставиме за овие земји за да разберат дека како што напредуваат, ќе постојат и придобивки. Затоа што во моментов, треба да бидеме искрени, граѓаните од Западен Балкан не веруваат дека ќе станат дел од европското семејство. Станува збор за голем проблем, истакна Мицотакис.

Објасни дека постојат одредени земји, како што е на пример, Црна Гора, која напредува и треба да биде наградена, истакнувајќи дека не станува збор за „камшик“ и „долга листа на работи што треба да ги провериме и да им кажеме дека не им оди добро“.

-Треба исто така да се потсетиме, да ги видиме нашите сопствени патишта. Грција влезе во Европската Унија во 1981 година. Ако денес бевме кандидати „ќе ги имавме штиклирано сите полиња“? Мислам дека тоа беше политичка одлука донесена тогаш, со голема поддршка од Жискар Д’Естен. Германија беше воздржана. Земјата излегуваше од хунтата. Во овој случај повеќе беше геополитичка одлука, а помалку технократска. Но, во одреден момент треба да се постигне одреден напредок. Но, ве разбирам кога велите дека во одреден момент ќе треба да се донесат одредени храбри политички одлуки, истакна Мицотакис.

Паралелно повтори дека Грција е голем поддржувачи на ЕУ перспективата на Западен Балкан, бидејќи, како што рече, тоа е и во нејзини интерес, затоа што „станува збор за нашето непосредно соседство“.

-Солунската декларација од 2003 година, односно од пред 21 година, за првпат ја спомена потребата Западен Балкан да се доближи до Европа, но сè уште немаме постигнато доволен напредок. Постои нова динамика и како резултат на ситуацијата во Украина и треба да ја искористиме. Затоа треба да ги наградиме земјите кои навистина постигнаа најголем напредок, рече Мицотакис.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: