Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ одговараше на фудбалски прашања за познатиот портал „433“, темата беше „Да сум фудбалер“.
Ѓоковиќ е голем фудбалски фан и познато е дека навива за Црвена звезда и Милан, па логичен беше неговиот одговор каде би играл доколку е фудбалер, но интересно е да се видат одговорите на другите прашања.
„Би играл за клубот од мојот роден град, Црвена звезда или за Милан“, одговори Ѓоковиќ на прашањето ако би бил фудбалер за кој би играл.
„На која позиција би играл? На левата страна, веројатно лево крило. Јас сум левоног, би се обидувал да им асистирам на соиграчите во шеснаесетникот“.