Стивен Мур, висок советник на кампањата на Доналд Трамп, зборуваше за Би-Би-Си за обидот за атентат врз Трамп.
-На снимката изгледаше како куршумумот само да го изгреба, но она што сите нас толку многу не плаши е дека ако тој куршум беше еден сантиметар поблиску, ова ќе беше убиство – рече тој.
-Секако на Трамп му треба поголема заштита и прашање е дали Тајната служба била целосно подготвена – додаде тој.
Нападот врз Трамп покрена прашања за тоа како републиканскиот претседателски кандидат беше заштитен во кампањата и што ги предизвика очигледните безбедносни пропусти на митингот во Батлер, Пенсилванија.
Најмалку едно лице рече дека неуспешно се обидело да ги извести полицијата и американската тајна служба за наводниот снајперист кој се качил на покривот на зграда на помалку од 200 метри од местото каде што се одржувал собирот