Срцевите пациенти во Англија се принудени да чекаат повеќе од една година за лекување, а листите на чекање се рекордни, покажуваат најновите бројки на Националната здравствена служба (NHS).
Списоците на чекање се речиси двојно подолги од 2020 година, срцевите заболувања се најголемата причина за прерана смрт во сиромашните области, а повеќе од 200 пациенти чекаат повеќе од една година за кардиолошки процедури, пренесува Гардијан.
Британската фондација за срце (БХФ) предупредува дека во Англија листите на чекање за лекување на кардиолошки пациенти се рекордни и дека на крајот на март годинава на нив имало дури 414.596 пациенти, што е речиси двојно повеќе од 2020 година.