Да се проверат сите издадени пасоши во последните 5 години, бара Борисов

Како што јавува бугарската телевизија БТВ бугарскиот премиер Бојко Борисов побарал од МВР на Бугарија и ДАНС (Државната агенција за национална безбедност) да извршат проверка на сите издадени бугарски документи на странски државјани.
Од владината прес-служба, пак, соопштуваат дека проверката треба да ги опфати последните пет години, а резултатите од проверката во најкус можен рок да му се достават на премиерот Борисов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.