Девојчето (8), чиј татко е Урош Пашајлиќ со години гладно и жедно го држеше во нехумани услови, едвај беше спасено. Како што неофицијално се дознава, доколку не беше пронајдена во петокот, прашање е дали ќе ги преживееше следните денови!
Најпрво е однесена во Домот за незгрижени деца, од каде во тешка состојба е префрлена во детската клиника во Тиршова. Според лекарот, девојчето да била сама во тие услови уште само пет дена, немало да преживее. Ја хранеле малку по малку бидејќи не можела да јаде, да зборува и да оди – вели соговорникот додава:
-Девојчето засега е подобро, јаде малку и само течна храна, а сите се надеваме дека засега физички ќе биде добро и дека навреме ќе ја надмине психолошката траума. Детето, инаку, било во Домот за незгрижени деца бидејќи нејзините родители биле наркомани, а како четиригодишно дете било вратено кај татко и затоа што психијатриските вештаци сметале дека „тој е способен да се грижи за неа“. .
Да потсетиме, Урош е насилник кој бил пријавен од неговна емотивен партнерка која на 24 март дошла претепана во ПС Палилула и и открила на полицијата дека тој ја држи ќерка си заробена во стан во Мириево.
Детето моментално е сместено во Детската болница во Тиршова, а кога ќе и дозволи здравствената состојба, најверојатно ќе биде префрлена во згрижувачко семејство.
Пронајдете не на следниве мрежи: