Апел за помош.
Магдалена е прекрасно, насмеано девојче. Единственото што ја разликува е болката со која го прави секој чекор.Таа не може да стапне нормално. Оди на прсти, со напор, со напрегање што едно дете не треба да го познава. Секој чекор и чини многу повеќе отколку на другите деца.
Најтешкиот момент за мене како мајка е кога ќе ме погледне и ќе ме праша:
„Мамо, кога ќе ми помине ноџето?“
Тогаш немам одговор…
Знам дека има решение. Знам дека може да се поправи. Но не можеме сами да си го дозволиме.Потребна е итна операција – продолжување на тетивата, за да може конечно да застане цврсто на земја и да трча со своите три сестрички.
Операцијата во болницата во турција чини 7.500 евра. Тоа е сума која ние како семејство ја немаме, но со ваша помош е достижна.Времето минува, а со него се зголемува ризикот ова да остане засекогаш.
Дома ја чекаат нејзините сестрички. Тие сакаат да трчаат заедно, да играат, да се смеат… а таа само сака да биде како нив
.Ве молам, помогнете ни.Помогнете и на Магдалена да ги направи своите први вистински, слободни чекори. Да трча без болка. Да биде дете.



