Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека осомничениот 22-годишник е приведен и го признал делото. Во разговор со полицијата кажал дека ги убил зашто не можел повеќе да се грижи за нив
Дваесет и двегодишник попладнево извршил тројно убиство во семејната куќа во градот Књажевац во Србија.
Момчето, како што пренесува српската радио-телевизија, ги усмртило своите татко, баба и дедо во нив пукајќи со ловечко оружје. Оружјето било во сопственост на дедото на момчето.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека осомничениот 22-годишник е приведен и го признал делото. Во разговор со полицијата кажал дека ги убил зашто не можел повеќе да се грижи за нив.
„Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата тешко болни“,
изјави српскиот министер и дополни дека убиството е извршено со ловечко оружје во сопственост на дедото на момчето.
Истрагата за случајот ќе ја води Вишото јавно обвинителство во Заечар.