Дваесет и шестгодишник направи масакр во Лос Анџелес: Ги убил таткото, братот и уште двајца (ВИДЕО)

26-годишно момче од Лос Анџелес, ги убил таткото, братот и уште две лица, па по 12 часовна потера по него е уапсен. Светските медиуми известуваат дека ја ранил и својата мајка. Полицијата го идентификувала како Џери Зарагоза, а “Ројтерс“наведува дека тој започнал да пука во семејниот дом во кој живеел со родителите. По 45 минути тој убил и познаник на бензиска пумпа во северен Холивуд, а некои од медиумите наведуваат дека се работело за неговата девојка. Зарагоза пукал и во работникот на безниската пумпа, кој засега во тешка состојба е во болница, а потоа и во уште едно лице, откако претходно се обидел да го ограби. Пред да биде уапсен, 12 часа по маскрот, убил уште едно лице во автобус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.