Во морскиот предел во близина на Пелопонез во областа Арголида во Грција, две лица го загубија животот, а една жена е сериозно повредена во судир на два чамци, што се случи доцна синоќа, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката крајбрежна служба, соопштуваат дека на едниот 10-метарски чамец имало 10 лица (двајца мажи, три жени и пет деца), сите странски државјани, додека пак во другиот, петметарски чамец се превезувале тројца Грци, од кои двајца го загубиле животот, а третото лице- жена, е сериозно повредена.
Засега нема информации кои се причините за несреќата. А на местото веднаш пристигнаа четири бродови на грчката крајбрежна служба приватни чамци, како и припадници на специјалната нуркачка единица.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.