Само двајца од повредените градежни работници се задржани во кумановската болница за понатамошни испитувања и следење на нивната состојба, останатите се пуштени на домашно лекување, информираше денеска директорката на болницата, Снежана Захариева.
Вчера, првично по несреќата, двајца работници веднаш беа префрлени во Скопје, а по неколку часа уште двајца кои се здобиле со тешки повреди.
Во Куманово вчера при изведување градежни активности се повредија десет работници. Увидот што го извршија надлежните институции ќе ги покаже причините за настанување на несреќата.