Дел од обвинетите за организирањето на упадот во Собрание кој се случи на 27 април 2017 година, се на чекор да бидат ослободени од кривично гонење, а еден ден пред Нова година се очекува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да објави кои од осудениците кои упаднаа ќе се најдат на нејзиниот празничен список. На него можно е да се најдат и оние кои веќе петта година по ред издржуваат затворски казни за упадот во Собрание.
Официјално, двајца од 16-те осуденици поднеле барање за помилување до Комисијата кај претседателот за државата, но кои се нивните имиња јавно не се открива.
Оваа информација ја потврдија од Министерството за правда. Помилувањата на овие осуденици во предизборна кампања најавуваа и Христијан Мицкоски и Сиљановска-Давкова.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.