Двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Две лица со ретка крвна група добија органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин на семејство кое даде согласност за донирање на органите од бизок роднина, тие ќе продолжат да живеат без потреба од дијализа.

– Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба. Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување – вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.  

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа, соопштуваат од Министерството за здравство.

Од таму израгија огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата. 

Пронајдете не на следниве мрежи: