Двајца пратеници во Собрание го држеа Зекири (ВИДЕО)

Како директен виновник за неуспехот на Собранието да донесе одлука за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски Талат Џафери го посочи пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири.
ТВ “Сител“ вчера објави видео на кое може да се види дека Зекири се однесува агресивно на своето пратеничко место.
Што му кажал снимката не покажува, но според тврдењето на Џафери, станувало збор за недолични зборови, пцости и навреди.


Вчера пред медиумите Зекири објаснуваше дека воопшто не го навредил Талат Џафери. Но, на сликата може да се види дека двајца пратеници ја држат раката на Зекири и го спречуваат да тргне кон Џафери. На крајот може да се се забележи и пенкалото кое Зекири го удри од собраниската клупа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.