Двајца РУСИ И УКРАИНEЦ УАПСЕНИ ВО АЛБАНИЈА ЗА ШПИОНАЖА: Се обиделе да упаднат во фабрика за оружје

Албанската полиција уапси двајца Руси и еден Украинец кои се обиделе да упаднат во фабрика за оружје во централна Албанија и раниле двајца војници кои им го попречиле патот.

Двајца РУСИ И УКРАИНEЦ УАПСЕНИ ВО АЛБАНИЈА ЗА ШПИОНАЖА: Се обиделе да упаднат во фабрика за оружје

Како што соопшти синоќа Министерството за одбрана на Албанија, еден од осомничените ги нападнал чуварите додека се обидувал да ја фотографира фабриката во Грамш, каде се врши демонтирање на неискористено оружје.

Руски државјанин, идентификуван како 24-годишниот М.З., употребил невропаралитички спреј против двајца чувари, се наведува во соопштението.

Останатите двајца, 33-годишен Русин, идентификуван како С.Т. и 25-годишниот Украинец, идентификуван како Ф.А., се уапсени во близина на фабриката.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тројцата уапсени се „осомничени за шпионажа“.

Припадници на воената полиција и разузнавачката и антитерористичката служба спроведуваат истрага.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.