ДВАЈЦА ФУДБАЛЕРИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС- македонскиот клуб ги откажа сите закажани натпревари!

Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров денеска соопшти дека има двајца фудбалери позитивни на коронавирус.
– Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови, споделија од клубот.
ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе се спроведе повторно тестирање на целата екипа за да се потврди дека сите се негативни.
-Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање, се додава во соопштението

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.