Двајца Mакедонци и петмина Срби загинаа кај Јагодина

Двајца Mакедонци и петмина Срби има меѓу загинатите во верижен судар кај Јагодина во Србија
што се случи денес на автопатот Белград – Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“.
Покрај македонските државјани, според пишувањето на „Блиц“ загинале и пет пет српски државјани.
Од македонското Министерство за надворешни работи за МИА изјавија дека од македонската Амбасада во Белград засега немаат никаква официјална потврда од српското МВР за загинати македонски државјани.
Во страшната сообраќајна несреќа, според информациите со кои располага српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.
Во сообраќајната несреќа учествувале 34 возила, а причина за несреќата е густата магла.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.