Два италијански калчолигаши и два шпански клубови наводно покажале интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди за да го купат зимава, откако фудбалерот за врска не ги задоволи во турскиот првак Трабзонспор, кој после само шест месеци сака да го откачи.
Вакви информации се прострујуваат низ турските кулоари, но барем засега на десетина дена до крајот на зимскиот преоден рок освен пројавен интерес нема конкретна понуда. Наводно, еден од италијанските клубови кои се заинтересирал за Барди е Торино.