Кога мислиме на паровите што ги нарекуваме „љубовници“, обично замислуваме двајца луѓе кои се екстремно заљубени, совршено усогласени и поврзани. Зад таквите врски, сепак, стојат специфични однесувања и навики кои ги разликуваат од врските кои се само долгорочни, вели психологот Марк Траверс.„Вистинските љубовни врски се топли, страсни, нежни и поддржуваат. Додека некои парови остануваат заедно за да ја избегнат непријатноста од раскинувањето, заљубените партнери активно работат на развивање на нивната врска, правејќи ја исполнета и богата“, изјави тој за Psychology Today.Една нова студија објавена во август покажа дека два клучни знаци ги дефинираат овие типови на врски, што ги прави исклучително задоволувачки. Траверс ги елаборираше овие знаци кои укажуваат на исклучително среќна и здрава врска или брак.1. Взаемна грижа и поддршкаОсновата на љубовната врска е реципроцитет, каде и двајцата партнери подеднакво вложуваат во одржување и зајакнување на врската. Ова вклучува напор да се разберат меѓусебните потреби, цели и граници. И двајцата ја препознаваат важноста од обезбедување и примање поддршка, со што се овозможува индивидуален и заеднички раст.Траверс објаснува: „Заемната грижа создава простор на доверба и отвореност, каде што секој партнер може да биде автентичен. На пример, ако едниот партнер сака, на пример, да го продолжи своето образование, другиот го поддржува, иако тоа може да значи привремено прилагодување на нивните заеднички рутини Во таква врска поддршката се дава слободно и со разбирање, бидејќи среќата и личниот развој на партнерот се приоритет.2. Уживање во љубовтаЗаљубените парови особено ги ценат моментите кои ги поминуваат заедно. ,,Тие негуваат романтични моменти, не само на посебни состаноци, туку секој ден, преку мали, но значајни гестови. На пример, уживаат во долга прегратка пред да одат на работа, во утринска прошетка или посветуваат време на разговор без одвлекување“, вели психологот.Тој додава дека ваквите мали гестови создаваат позитивни спомени кои ја зајакнуваат врската и ја прават врската возбудлива, дури и по многу години.Физичката интимност, вклучувајќи едноставни гестови како држење за раце, исто така игра важна улога во создавањето чувство на сигурност и страст во врската, истакнува Траверс.„Ако се препознавате себеси во овие описи, веројатно сте дел од длабоко исполнета врска. Но, таквите врски не се случуваат сами по себе – тие бараат секојдневно внимание и вложување. Фокусот на заемните и романтичните моменти може да биде трансформативен за секоја врска. Магијата на вистинските љубовни врски лежи во тоа што партнерите никогаш не се земаат здраво за готово Тие се избираат секој ден, наоѓајќи радост во заедничките моменти и негувајќи го пламенот на љубовта преку мали, но значајни гестови“, заклучува психологот.
Пронајдете не на следниве мрежи: