Два месеци нема трага од младиот Миле Тодоров, семејството живее во агонија

Два месеци се трага по младиот Миле Тодоров, а семејството и пријателите неутешни бараат помош во потрагата за момчето од Неготино.

Неговата сестра Марија Атанасиевиќ, се огласи на Фејсбук со нов статус.

– Од 30-ти јануари е исчезнат брат ми Миле Тодоров (28), од тогаш нашето семејство живее во агонија. Апелираме доколку некој има било каква информација, да не се двоуми и да каже што знае. Последната трага е забележан од камери, но и од очевидци, како пеш од Кавадарци се упатува кон Неготино, последен пат виден кај Марена, каде беше пронајден и неговиот мобилен телефон. Миле е високо момче со спортска градба, со зелени очи и светло кафеава коса, последен пат забележан облечен во работничка облека сиви панталони, бело палто и црн елек, напиша сестрата на исчезнатиот Македонец.

Миле Тодоров од Неготино последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, личната карта и пасошот му се дома.

Тој е висок околу 185 сантиметри.

Пронајдете не на следниве мрежи: