Првиот земјотрес се случил на југот на Грција нешто по 8 часот утрово, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а само една минута подоцна следел уште еден, посилен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Првиот земјотрес се случил на југот на Грција нешто по 8 часот утрово, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а само една минута подоцна следел уште еден, посилен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Првично било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6 степени, но набрзо тој бил сменет на 5,7 степени според Рихтер.
Според ЕМСЦ, земјотресот се случил во морето, на само неколку километри од популарниот туристички остров Закинтос и 37 километри од градот Филијатра.
🔔#Earthquake (#σεισμός) M6.0 occurred 56 km SW of #Pýrgos (#Greece) 4 min ago (local time 09:12:47). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/5poDkuKmuo
🖥https://t.co/XjQ3Udx4Cy pic.twitter.com/fi6ZMaAdkx— EMSC (@LastQuake) March 29, 2024
Земјотресот, според ЕМСЦ, бил почувствуван на оддалеченост од 600 километри од епицентарот и покрај тоа што го почувствувале Грците, се тресело и на Малта, Италија и во Албанија.
Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ известуваат дека земјотресот бил силен.
„Куќата се тресеше“, „Траеше околу 20 секунди“, „Немаше многу бучава, но куќата се движи лево десно“,
се само дел од коментарите од граѓаните на ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.