Двете имаат иста судбина- им ги ликвидираа саканите мажи, па решија на суд да докажат дали учествувале во нивните убиства

Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ денеска се сретнаа на суд во Белград на закажаното рочиште во основниот суд во Белград по повод кривичната пријава од страна на Ражнатовиќ против Карлеуша.
Цеца имено поднесе тужба против Јелена поради нејзината изјава дека Ражнатовиќ му се заканувала на Зоран Давидовиќ, кој беше поранешно момче на Карлеуша, непосредно пред неговото убиство.
Јелена стигна на суд цела во црно и со очила за сонце на главата, додека Цеца се појави неколку минути подоцна со својот адвокат.


Пејачките се тужат поради тоа што Карлеуша во една своја изјава ја обвинила Цеца дека го нарачала убиството на некогашното момче на Јелена Зоран Давидовиќ кој беше ликвидиран во 2000 година.
Цеца на сослушување во полиција уште во минатото ја демантираше оваа вест и дека има нешто поврзано со неговото убиство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.