Голем број туристи го посетуваат Рим секоја година, а многумина од нив сакаат да се сликаат пред познатата Фонтана треви за спомен.
Тоа го посакаа и го направија две туристки, но на крајот се потепаа поради место за селфи. Во тепачката на крајот учествуваа 8 лица.
Се истепаа Холанѓанка (19) и Американка со италијанско потекло (44) зошто и двете сакале на исто место да сликаат добро селфи.
Двете верувале дека токму од тоа место најдобро се гледа импресивната скулптура зад нив. Ниту една не сакала да се мрдне, па почнале да се туркаат и удираат.
Набрзо им се приклучија членовите на семејството, а и полицијата мораше да реагира.
Никој не е повреден, но полицијата сепак напиша кривични пријави поради насилство и закани, погледнете.