Две битолчанки фатени со ,,бело”

На 17.12.2023 во 01.05 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и М.К.(32), двете од Битола.

При преглед во патничко возило „алфа ромео“, во кое биле, биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, додека во близина на возилото биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.