Две години затвор за Груевски, што тргна наопаку?

Две години затвор доби поранешниот премиер Никола Груевски, откако денеска во Основниот суд Скопје 1 беше прогласен за виновен во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, што се однесуваше на купувањето на блиндираниот „мерцедес“ за 600.000 евра. Како што дознавме не била спорна нарачката туку наместениот тендер и неговата желба да има токму таков мерцедес кој бил нарачан и пред да се респише тендерот…
Нели е време да се запрашаме што тргна наопаку со некогаш неприкосновениот лидер на ВМРО? Како се случи да се сруши империјата што ја градеше толку време и како можеше од уцените на Заев, преку прифаќањето од негова страна на СЈО, кое сега го осуди, до ослабнувањето на партијата со наместен конгрес во Валандово – се да биде од негова страна прифатено без поговор? Како е можно да се прифати се ако си чист и во право? Нели ви е нешто сомнително тука луѓе? ВМРО од партија која има апсолутно мнозинство во парламентот да се сведе денеска на декор а нејзиниот „лидер“ да не смее да го спомене името на државата, Македонија во никаков контекст…

Оваа пресуда отвора многу дилеми. Дали почнува да се одмотува клопче на информации кои досега за нас биле недостапни? Дали членството со години се држело во темница и тоа наменски. Времето ќе покаже.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.