Две години немале сон заради “гласовите од ѕидовите“ – видете што пронашле


Брачен пар од гратчето Пинос Пуенте во близина на Гренада, Шпанија две години не можеле како луѓе да се наспијат поради постојаните гласни звуци кои доаѓале од ѕидовите од нивниот дом. По две години без сон решиле да го урнат ѕидот во спалната соба и таму нашле огромно гнездо со пчели. Имало повеќе од 80.000 пчели, што живееле во ѕидот на нивната спална соба. Го повикале локалниот пчелар, кому му требале седум часа за да ја извади кошницата, да ги ослободи пчелите и неповредени да ги врати во природа.
Пчеларот смета дека причина за ваквата појава се климатските промени и се помалиот број дрвја, каде пчелите може да се населат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.