Две лица ранети во напад врз француската амбасада во Либија

Во експлозија на автомобил бомба во близина на француската амбасада во либиската престолнина Триполи, која се чини била цел на нападот, во вторникот ранети се двајца припадници на обезбедувањето, јавуваат агенциите повикувајќи се на извори во амбасадата, како и на безбедносните служби.

„Се случи нападот на амбасадата. Мислам дека станува збор за автомобил бомба. Има голема материјална штета, а двајца стражари се повредени”, рекол претставник на амбасадата за Reuters.
 Според првичните информации, потврден за AFP, настраданите се припадници на обезбедувањето на амбасадата во Триполи, и тоа Французи. Еден од нив е сериозно повреден. Како што јавува агенцијата, во експлозијата е уништен дел од оградата околу зградата на дипломатската мисија којашто е значително оштетена. Целосно се изгорени два автомобила паркирани веднаш до амбасадата.
 Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
 Од неодамна, безбедносната ситуација во Либија, во којашто беше изведена револуција со којашто беше соборен деценискиот режим на ликвидираниот водач на Либиската Џамахирија полковникот Моамер ал-Гадафи, се влоши предизвикувајќи загриженост кај западните земји.
 Во септември минатата година, исламистичките терористи го нападнаа американскиот конзулат во Бенгази, при што беше убиен американскиот амбасадор и уште тројца припадници на обезбедувањето. Во јануари годинава, Австралија, Германија, Холандија, Франција и Швајцарија ги повика сонародниците да го напуштат Бенгази во врска со информации за претстојни напади врз странци. Некои западни земји, меѓу кои и Велика Британија, им препорачуваат на своите граѓани да ги избегнат сите патување во Либија поради безбедносни причини.
Maкфакс
Во експлозија на автомобил бомба во близина на француската амбасада во либиската престолнина Триполи, која се чини бил

Пронајдете не на следниве мрежи: