И покрај разните спрејови и препарати што се продаваат, комарците се едни од најлошите летни чудовишта.
Сепак, постои начин да ги избркате, и тоа многу поевтино и поефикасно од веќе споменатите спрееви и другите препарати.
Потребен ви е само еден лимон и каранфил.
Лимонот исечете го на половина, и во секоја половина вметнете каранфил. Така подготвениот лимон ставете го на местото каде што спиете, па на тој начин овие досадни инсекти ќе избегаат од вас.
Многу е едноставен и евтин, а сè што ви е потребно се овие две намирници.
Овој народен препарат исто така делува и за мравките и мувите, а одличен е и како освежувач за просторија.