Две состојки кои ќе го продолжат векот на машината за перење

За вашата машина за перење да трае подолго, а вашата облека убаво да мириса и да е чиста, потребно е од време на време добро да ја исчистите. Тоа можете да го направите сами со помош на две состојки.
Колку и да користите квалитетен детергент, прашок и омекнувач, бидете уверени дека вашата машина за перење, како и другите апарати, по одредено време ќе попримат непријатен мирис.
За да ја освежите, но и да го продолжите нејзиниот век на траење треба да ставите две шолји вински оцет или лимонов сок во машината. Потоа вклучете ја да работи на највисока температура.
Сите непријатни мириси ќе исчезнат, како бигорот од водата кој со време се собрал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.